Македонија Ѓорчев: Владата да објасни зошто ја менува стратегијата за мигранти

Ѓорчев: Владата да објасни зошто ја менува стратегијата за мигранти

Владата и Министерството за труд и социјална политика треба да одговорат зошто ја менуваат стратегијата на Македонија во поглед на мигрантите, бегалците и на странците, со која Македонија од транзитна земја станува земја за траен престој на голем број луѓе што ќе дојдат во Македонија, изјави на прес-конференција Владимир Ѓорчев, по повод објавувањето на новата нацрт-стратегија за интеграција на бегалци и на странци во Македонија за периодот 2017-2027 година.

Тој додаде дека со измените што ги предвидува стратегијата, ќе биде олеснето доделувањето државјанство на овие лица, ќе се овозможи нивно сместување и ќе се изградат цели населби, а понатаму ќе се олесни и нивниот пристап до градинки и до училишта, како и до вработување, на сметка на граѓаните на Република Македонија.

– Стратегијата што ни ја предлага новата Влада и Министерството за труд и социјална политика, целосно ги маргинализира граѓаните на Македонија, а им дава приоритет на мигрантите и на другите категории лица. Владата да одговори на кои места ќе бидат изградени колективните центри – изјави Ѓорчев.