Свет Балкан Голем чад се издигнува над Анкара – пожарот под контрола

Голем чад се издигнува над Анкара – пожарот под контрола

Силна експлозија денеска одекна во главниот турски град Анкара, јавуваат странските медиуми.

Како што јавува „Фокс њуз“, експлозијата одекнала во зградата на државната телевизија, додека според турски извори, чадот кој се издигнува над градот можеби е предизвикан од голем пожар, а не од експлозија.

Во меѓувреме, турската полиција ги отфрла извештаите за експлозија, наведувајќи дека станува збор за пожар, кој веќе е ставен под контрола.

Засега не се познати деталите од инцидентот, ниту дали има загинати и повредени лица.