Дописници Годинава нема да има традиционално фрлање на Светиот крст во водите на...

Годинава нема да има традиционално фрлање на Светиот крст во водите на Охридското езеро

Од Дебарско-Кичевска епархија на Македонската православна црква (МПЦ) со соопштение информираат дека годинава нема да се одржи традиционалното фрлање на Светиот крст во водите на Охридското езеро во Охрид.

„На 19-ти јануари, празникот Богојавление – Водици ќе биде одбележан само во црковните храмови. Ќе бидат организирани утрински богослужби и осветување на вода, со која потоа ќе биде извршен Богојавленскиот водосвет на езерото“, информираат од Дебарско-Кичевската епархија.

Поради пандемијата од ковид-19, празникот Водици ќе биде одбележан само во црковните храмови со утрински богослужби и осветување на вода, со која ќе биде извршен Богојавленскиот водосвет на езерото.

И охридскиот градоначалник Константин Георгиевски ги посоветува граѓаните за воздржување од традиционалните групирања за време на Водици.

„Упатувам апел до граѓаните да се воздржат од масовно групирање и капење во езерото. При посетата на храмовите задолжително да ги почитуваат препораките за заштита, да носат заштитни маски и одржуваат дистанца“, напиша на својот Фејсбук профил охридскиот градоначалник.