Македонија Годинава е значајна за напредокот на евопскиот пат, заклучиле Ковачевски и Гир

Годинава е значајна за напредокот на евопскиот пат, заклучиле Ковачевски и Гир

Фото: Влада на РСМ

Оваа година е значајна за Р. С. Македонија во однос на напредокот по европскиот пат, поради што е неопходна и кохезија околу реализацијата на оваа државна стратешка цел. Ова било истакнато на средбата меѓу премиерот Димитар Ковачевски и Дејвид Гир, шефот на делегацијата на ЕУ во нашата држава. Тие разговарале за актуелни прашања од значење за Македонија, регионот и пошироко.

„Оценето е дека геополитичката ситуација ја покажа потребата од јасна политичка ориентација на целиот Западен Балкан, каде што географски и припаѓа регионот. Дека за ова постои свесност и во Европската Унија и после 17 години од кандидатскиот статус и јулското отворање на преговорите лани, ова е момент што Р. С. Македонија годинава не треба да го пропушти“, наведено е во соопштението од Владата.

Премиерот Ковачевски нагласил дека Владата се справува со предизвиците од економско-енергетската криза, рабооти на потребните реформи и европски се однесува во соседските односи.

Ковачевски изразил уверување дека нема да се дозволи провокациите кои доаѓаат од трети страни ѝ да наштетат на европската агенда на државата и на билатералните односи со Република Бугарија.