Проверка на факти Главниот обвинител негира дека момчето е осомничено за убиството на своите родители...

Главниот обвинител негира дека момчето е осомничено за убиството на своите родители во Призрен

На 23.01.2020 година неколку косовски медиуми објавија дека 35-годишникот, А. Хадри, син на брачен пар пронајден мртов во Призрен, е осомничен за убиство на неговите родители. Индексонлајн и други портали, како Репортер,  Газета експрес и Перископи, а дури и порталот на националната телевизија РТК, ја објавија информацијата без ниту една официјална потврда дека синот на жртвата е осомничен за убиство на неговите родители.

Косовскиот портал Калзо (Kallxo.com), кој работи на проверка на фактите и е производ од соработката меѓу БИРН Косово и Интерњуз Косово, ја провери ова сомнителна информација и контактираше со главниот обвинител Адмир Шала. Тој истакна дека не го потврдил она што е објавено во медиумите. Имено, Шала додаде дека синот, иако живеел со родителите, не бил на местото на настанот во денот од инцидентот и сé уште не е пронајден, но не може да се каже дека е осомничен.

Со оглед на оваа проверка, Калзо ваквата објавена информација ја оцени како невистина.