Македонија Гевгеличани денеска решаваат дали да се отвораат нови рудници

Гевгеличани денеска решаваат дали да се отвораат нови рудници

Жителите на Гевгелија денеска на референдум треба да одговорат на прашањето дали се „за“ или „против“ отворање нови рудници на територијата на општината. Како што пренесоа медиумите, Владата изминатиот период дала концесии на меѓународни компании за геолошки истражувања на две локации во општината Гевгелија, односно на падините на планината Кожуф.

Активистите на Граѓанското здружение „Спас за нас“ од Гевгелија, кое ја почна иницијативата за референдумот, стравуваат дека деталните геолошки истражувања ќе се вршат со експлозив и со голема механизација, а при одвојувањето на златото од рудата ќе се користи цијанид, што негативно ќе влијае на животната средина и на здравјето на луѓето.