Економија Германски „Фрапорт“ доби 14 аеродроми во Грција

Германски „Фрапорт“ доби 14 аеродроми во Грција

Грчките власти го дадоа зелено светло за продажба на 14 регионални аеродроми на германскиот оператор „Фрапорт“, јавува „Евроњуз“.

Ова е прв приватизација откако на власт во Грција дојде левичарската влада на Алексис Ципрас.

„Фрапорт“ ќе плати 1,2 милијарди евра за 40 годишна лиценца за раководење со аеродромите. Германскиот оператор победи на наддавањето кое се организираше во ноември минатата година, но договорот беше стопиран откако СИРИЗА дојде на власт.

„Фрапорт“, кој раководи со аеродромот во Франкфурт, со договорот ќе ги добие и регионалните аеродроми на познатите туристички дестинации, како што се Кос, Крф и Санторини.

Меѓународните кредитори ја условија Грција дека мора да го реализира договорот доколку сака да ја добие третата финансиска помош.