Свет Германка киднапирана во Кабул

Германка киднапирана во Кабул

Германка која работела за Германско друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) е киднапирана во Кабул, јавуваат германските медиуми, повикувајќи се на авганистански извори.

Сепак, ниту ГИЗ, ниту германското Министерство за надворешни работи не сакаат да го коментираат случајот.

Авганистанската новинска агенција „ПАН“, јави дека непознати лица утринава ја грабнале соработничката на ГИЗ од кабулскиот кварт Квала-Фатулах, каде здружението има свои простории.

Ова е втор случај на киднапирање на странски хуманитарен работник во Кабул. Во јуни годинава беше киднапирана Холанѓанката Ања де Бер, за која оттогаш нема нити трага, ниту глас.