Свет Европа Молотови коктели врз германски весник што објави карикатури на „Шарли ебдо“

Молотови коктели врз германски весник што објави карикатури на „Шарли ебдо“

Изутринава бил подметнат пожар во германскиот весник „Хамбургер моргенпост“, кој ги објави карикатурите за пророкот Мухамед на францускиот сатиричен магазин „Шарли ебдо“.

Како што соопшти полицијата, напаѓачите фрлиле камења и молотови коктели преку прозорецот на редакцијата. Молотовите коктели предизвикале пожар во две простории, но набргу бил изгаснат. Нема повредени лица во нападот.