Економија Гасоводот од Грција во државата ќе влезе меѓу селата Богородица и Стојаково

Гасоводот од Грција во државата ќе влезе меѓу селата Богородица и Стојаково

Претставници на претпријатието „Национални енергетски ресурси“ денеска го информираа гевгелискиот градоначалник дека гасоводот од Грција во нашата земја ќе влезе меѓу селата Богородица и Стојаково.

Гасоводот ќе поминува кај селата Прдејци и Смоквица, а Гевгелија ќе биде споена со него на приклучната станица која ќе се гради на влезот од градот.

Проектот треба да биде реализиран до крајот на годинава, а за приклучувањето на Гевгелија на интерконекторот ќе биде изработен посебен проект за секундарна гасоводна мрежа. Општина Гевгелија веќе аплицирала за негова изработка на објавениот повик од амбасадата на Шведска, УНДП и Министерството за локална самоуправа.

Интерконекторот ќе овозможи државата да се приклучи на гасоводот на „ТАП“ и на „ЛНГ“ терминалите кои се наоѓаат на брегот на Егејското море.

Сега Македонија е приклучена преку една точка на гас во Бугарија, и се очекува преку интерконекторот да бидеме приклучени на други извори и со тоа да се зголеми конкурентноста на испорака на гас во државата.