Македонија Гарет: Договорот од Пржино не е мртов и закопан

Гарет: Договорот од Пржино не е мртов и закопан

Британскиот амбасадор Чарлс Гарет вечерва на „Твитер“ напиша дека Договорот од Пржино не е мртов.

„Не, Пржино не е мртов и закопан. Се уште е вистинска рамка за одржливо решение“, напиша Гарет.

Реакцијата на британскиот амбасадор е во иста линија со онаа на високата претставничка за надворешна политика, Федерика Могерини и на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, кои денеска во заедничката изјава, по одлуката на Уставниот суд да ги замрзне изборите и изборната кампања, порачаа дека Договор од Пржино и понатаму е најдобар начин за земјата да излезе од сегашната криза. Тие исто така повикаа на итно повлекување на аболицијата.