Свет Се зголемува бројот на загинати во експлозијата во Гана

Се зголемува бројот на загинати во експлозијата во Гана

Повеќе од 90 загинати и десет повредени е последниот биланс од експлозија на гас на бензинска пумпа во главниот град на Гана, јавуваат светските медиуми.

Локалните власти велат дека на бензинската пумпа имало многу лица кои побарале засолниште од силниот дожд.

Силниот дожд во Акри предизвика поплави и прекин во снабдувањето со електрична енергија во повеќе населби. Сè уште не е позната причината за пожарот на бензинската станица.