Дописници Галовеј во посета на Штип, на средби со Бочварски, студентите и граѓанскиот...

Галовеј во посета на Штип, на средби со Бочварски, студентите и граѓанскиот сектор

Британската амбасадорка во Македонија, Рејчел Галовеј денеска дојде во Штип, со цел да се запознаe со локалната заедница, Општината, како и работата на Универзитетот „Гоце Делчев“, каде за попладне е планирано и предавање пред студентите на тема дипломатија.

Како дел од посетата на Општината и градоначалникот Благој Бочварски, беше и престојот во мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“, посветен на како што рече амбасадорката Галовеј, еден од големите македонски лидери.

Во кратката изјава за новинарите, Галовеј ги спомена проектите во областа на образованието, финансирани од британската влада.

-Еден од проектите кои што би ги споменала во областа на образованието е проект за ран детски развој. Работиме со градинките низ целата држава во поглед на инклузијата и подобрување на условите на наставата за децата и другата програма е работата со основните училишта, каде што се надеваме дека ќе им овозможиме на учениците да имаат подобри дигитални вештини, подобро да бидат подготвени за новите економски предизвици и Македонија да има подобра сила за пазарот на труд во иднина – рече Галовеј.

Покрај предавањето на Правниот факултет, Галовеј ќе се сретне и со претставниците на граѓанскиот сектор.