Галерија (Галерија) Сексуалните работници и работнички упатија апел за декриминализација на нивната работа

(Галерија) Сексуалните работници и работнички упатија апел за декриминализација на нивната работа

Фото: Мета.мк

Сексуалните работници и работнички денеска го одржаа по 14-пат Маршот на црвените чадори во чест на 17 Декември, Меѓународен ден за стоп на насилството врз сексуалните работници и работнички. Маршот беше организиран од СТАР – Прв Колектив на сексуални работници на Балканот и од поддржувачите ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалиција Маргини.

Низ централното градско подрачје, тие прошетаа со транспарентнот „Декриминализација, кога?“, упатувајќи прашање до државните власти кога ќе им овозможат легална работа на сексуалните работници и сексуалните работнички, а со тоа остварување на правата на здравствена и социјална заштита, како и правни услуги.

Тие од денешниот марш порачаа дека лицата вклучени во сексуалната индустрија се дел од македонското општество и треба да ги уживаат човечките и работничките права во оваа земја.

Сексуалните работници и работнички, како и претставниците на невладините организации, од маршот побараа итно донесување на нови правни рамки за регулирање на сексуалната работа во државата.