Свет Европа Фунтата ќе падне ако Британија ја напушти ЕУ

Фунтата ќе падне ако Британија ја напушти ЕУ

Банка на Англија предупреди дека референдумот за иднината на Велика Британија во Европската Унија претставува потенцијално „најголем ризик“ за светските пазари.

„Резултатот од референдумот и понатаму е најголема опасност со која се соочуваат британските финансиски пазари, а можеби и глобалните финансиски пазари. Доколку се гласа за излегување од ЕУ, курсот на фунтата ќе се намалува, со можност нагло да се намали“, се вели во записник од јунскиот состанок на Банката на Англија.

Според Банката на Англија, излегувањето на Британија од ЕУ може да предизвика „материјално пониски“ изгледи за економски пораст.