Свет Европа Франција парализирана поради масовниот штрајк на синдикатите

Франција парализирана поради масовниот штрајк на синдикатите

Франција е речиси целосно парализирана поради штрајкот на синдикатите околу измените на законот за работни односи, кој се прошири низ целата земја, јавуваат медиумите.

Поради масовните протести, блокирани се рафинериите за нафта, нуклеарните централи и транспортните центри.

Патиштата и мостовите се, исто така, блокирани, има одложување на летовите на аеродромите, а како што пренесува „Би-би-си“, регистрирани се и судири со полицијата во неколку градови.

Францускиот премиер, Мануел Валс инсистира реформите околу работните односи да не се повлекуваат, но додава дека се можни „модификации“.

Масовниот штрајк се случува на две недели пред почетокот на Европското првенство во фудбал „Еуро 2016“, чиј домаќин е Франција.

Вонредната состојба во земјата, која беше прогласена по терористичките напади во Париз од ноември, минатата година и натаму останува на сила.