Свет Европа Франција и Велика Британија заедно одбележаа 100 години од битката на Сома

Франција и Велика Британија заедно одбележаа 100 години од битката на Сома

Французите и Британците денеска заедно одбележаа 100 години од заедничката битка на француската река Сома, против германските сили во Првата светска војна.

Британскиот премиер Дејвид Камерон и францускиот претседател Франсоа Оланд, денеска заедно, како симбол на историскиот сојуз меѓу двете нации, им оддадоа признание на загинатите борци пред француско-британскиот споменик во Тиевал, на северот на Франција.

На церемонијата присуствуваше и британското кралско семејство.

Една недела по референдумот за излегување на Велика Британија од Европската Унија, присуството на претседателот Оланд, кое не било планирано, требало да покаже дека Велика Британија останува пријателска земја на Франција, која сака да ја сочува таа врска.

Битката на Сома е една од најголемите и најкрвавите битки во Првата светска војна.