Свет Балкан Француски туристи со жолти елеци во Албанија блокираа возачи-Албанци

Француски туристи со жолти елеци во Албанија блокираа возачи-Албанци

Група француски туристи на граничниот премин Хан Хоти на северот на Албанија, вчера блокираа една лента, револтирани што возачите-Албанци не ги почитуваат сообраќајните правила.

Тие облекоа жолти елеци – симболот на повеќемесечните протести против француските власти, и на граничниот премин кон Црна Гора, ги блокираа возачите што се обидуваа да стасаат преку ред до царинската и пасошката контрола, јави Топ Ченел.