Свет Балкан Францускиот предлог за кревање на ветото за Северна Македонија попладнево ќе се...

Францускиот предлог за кревање на ветото за Северна Македонија попладнево ќе се разгледува во бугарскиот парламент

Парламентот на Бугарија и кабинетот на претседателот на Бугарија (десно), во строгиот центар на Софија, Фото: Мета.мк, 17 јуни 2021

Во 15 часот по бугарско време (14 часот по македонско), треба да почне седницата на Комисијата за надворешна политика на бугарскиот парламент на која што ќе се разгледуваат протоколите договорени меѓу Бугарија и Северна Македонија, што е еден од последните чекори пред најавеното кревање на бугарското вето.

Потоа на пленарна седница тие треба да се одобрат, односно ќе се направи последниот чекор за кревањето на бугарското вето за почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ за зачленување во Унијата.

Во парламентот беше прекината и расправата за гласање недоверба на владата на премиерот Кирил Петков.

Ова уследи откако поранешниот бутарски премиер Бојко Борисов, кој е лидер на ГЕРБ, партија што ја има втората најмоќна парламентарна група, со 59 пратеници, изјави дека сите ќе гласаат за кревање на ветото за Северна Македонија.

ГЕРБ на Бојко Борисов ќе го поддржи кревањето на ветото за Северна Македонија