Македонија ФОТОВЕСТ: Возило на Итна помош „настрада“ на раскрсница во центарот на Скопје

ФОТОВЕСТ: Возило на Итна помош „настрада“ на раскрсница во центарот на Скопје

Фото: Мета, 24 јануари 2022

Сообраќајна несреќа меѓу автомобил и возило за Итна помош се случи попладнево во центарот на Скопје. На раскрсницата на булеварот Свети Климент Охридски и улиците Димитрија Чуповски и Митрополит Теодосиј Гологанов автомобил удрил во брзата помош која му го пресекла патот. Полициска екипа е на терен и засега нема информации за повредени лица.

Инаку, една од првите работи што кандидатите за полагање за возачка дозвола ги учат во теоретскиот дел е дека возилата на службата за Итна помош се една од четирите категории возила што имаат првенство на минување. Веројатно е дека возачот на автомобилот не го почитувал или заборавил на ова правило на предност.

Итната помош во овој случај возела во правец кон Клиничкиот центар, па најверојатно имала и вклучена сирена и ротациски светла. Поради незгодата, создаден е сообраќаен метеж во центарот на Скопје. Подетални информации за оваа сообраќајна несреќа треба да објави Министерството за внатрешни работи.