Свет Европа Фон дер Лејен и Борел денеска во Кијив ќе се сретнат со...

Фон дер Лејен и Борел денеска во Кијив ќе се сретнат со украинскиот претседател

Фото. Твитер профил на Жозеп Борел.

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лејен и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика денеска патуваат во главниот град на Украина, Кијив, за да се сретнат со украинскиот претседател Зеленски.

 

Патувањето се случува ден откако земјите-членки на ЕУ, односно Комитетот на постојани претставници, се согласија за петта рунда санции за Русија, што ќе го опфати и јагленот, чија трговија годишно изнесува околу четири милијарди евра, јавува „Еуроњуз“.

Одлуката уследи по откривање голем број тела на убиени цивили во неколку градови во близината на Кијив, идентично како во случајот на масакрот во Буча.

Со новата рунда санкции ќе се опфатат некои нови области и руски олигарси, пропагандисти, членови на безбедносниот и воен апарат на Русија, како и фирми во индустрискиот и технолошкиот сектор поврзани со руската агресија врз Украина. Тоа значи дека исто така ќе бидат замрзнати средства на неколку руски банки, а ќе се забрани и извоз во Русија на некои високотехнолошки стоки, како и затворање на пристаништата во ЕУ за бродови што пловат под руско знаме.