Економија „Фолксваген“ издвојува 6,5 милијарди евра за сервис на возила

„Фолксваген“ издвојува 6,5 милијарди евра за сервис на возила

Германскиот произведувач на автомобили „Фолксваген“ денеска соопшти дека ќе одвои 6,5 милијарди евра за сервис и за други трошоци поврзани со скандалот за мерење на издувните гасови во САД.

„Фолксваген“ вчера изгуби околу 15 милијарди долари од пазарната вредност откако акциите паднаа за 17 отсто по признавањето дека ги лажирале мерењата на емисиите на гас во САД за околу 500.000 дизел-возила. Денеска акциите паднаа за уште 18 отсто, на 108,45 евра, што е нивна најниска цена во последните четири години.

Бидејќи најавени се истраги и во други земји, „Фолксваген“ денеска соопшти дека околу 11 милиони возила во светот го имале спорниот софтвер од чие вградување произлезе скандалот во САД.