Свет Балкан „Финанце“: Поранешна Европска Република Грција

„Финанце“: Поранешна Европска Република Грција

Светските весници денеска насловните страници ги посветија на референдумот на Грција и на продлабочувањето на јазот меѓу официјална Атина и Европа.

Меѓу најинтересните се на словенечкиот весник „Финанце“, кој во стилот на привременото име на Македонија во ОН, ја нарече Грција ФЕРОГ (Former European Republic of Greece), и на францускиот весник „Либерасион“, кој на насловната страница со црна силуета на Ципрас веста за референдумот ја објави под насловот „Не на Зевс“.