Свет Свет Филмот „Интервју“ ги затегна односите меѓу Северна Кореја и САД

Филмот „Интервју“ ги затегна односите меѓу Северна Кореја и САД

Односите меѓу Северна Кореја и САД повторно се заострија, а овојпат поводот е американската филмска комедија „Интервју“, во која станува збор за измислен атентат на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун, пренесуваат медиумите во САД.

Поради закани и хакерски напади, управата на „Сони“ ја откажала премиерата на филмот, која беше закажана за 25 декември.

Дел од медиумите во САД, повикувајќи се на неименувани извори од владата, пишуваат дека зад хакерските напади и заканите стои Северна Кореја.

Од Пјонгјанг отфрлаат секаква одговорност иако филмот го сметаат за „воен чин“.