Видео Филипини: Илјадници луѓе евакуирани поради силна бура

Филипини: Илјадници луѓе евакуирани поради силна бура

Најмалку едно лице загина, а околу 14.000 се евакуирани поради тропската бура што го зафати јужниот дел од Филипини, јавуваат странските медиуми.

Едно лице загина во градот Бутуан откако врз него падна дрво кое се искорнало од корен поради силниот ветер, кој достигнал брзина од околу 80 километри на час.

Бурата, која локалното население ја нарекува „Сенјанг“, стигна до провинцијата Суригао дел Сур на островот Минданао, поради што 13.740 луѓе се евакуирани од осум града.