Спорт ФИФА: Платини меѓу кандидатите за претседател

ФИФА: Платини меѓу кандидатите за претседател

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска го соопшти списокот од седум кандидати за претседател на организација, меѓу кои е и суспендираниот прв човек на УЕФА, Мишел Платини.

Кандидатурата на Платини е прифатена, но ќе зависи од истрагата која етичкиот комитет на ФИФА ја покрена против него за вмешаност во корупција и во финансиски малверзации.

На листата не се најде некогашниот репрезентативец на Тринидад и Тобаго, Дејвид Никадо, иако месецов соопшти дека поднел кандидатура.

Покрај Платини, листата на потенцијални претставници на ФИФА ја сочинуваат генералниот секретар на УЕФА, Дани Инфантино, јорданскиот принц Али бин ал Хусеин, шеикот Салман бин Ибрахим ал Калифа, поранешниот претставник на ФИФА, Жером Шампањ, претседателот на Фудбалската федерација на Либија, Муса Билити, и јужноафриканскиот бизнисмен Токио Сексвале.

Изборите за претседател на ФИФА ќе бидат одржани на 26 февруари во Цирих.