Спорт ФИФА го суспендира изборот за светскиот куп за 2026 година

ФИФА го суспендира изборот за светскиот куп за 2026 година

ФИФА го суспендираше процесот на наддавање за Светското фудбалско првенство 2026. Фудбалската организација се најде на удар поради корупциски скандал поврзан со претходниот избор на земји.

„Поради настанатата ситуација, сметам дека е бесмислено да почне процесот на наддавање, барем во овој момент. Тоа ќе биде одложено – рече генералниот секретар на ФИФА, Џером Волке, на прес-конференција во јужниот руски град Самара.