Свет Балкан „Фич“ го намали кредитниот рејтинг на Турција поради политичките случувања и нападите

„Фич“ го намали кредитниот рејтинг на Турција поради политичките случувања и нападите

Меѓународната агенција за оценка на кредитниот рејтинг „Фич“ го намали кредитниот рејтинг на Турција на ниво „отпад“, поради политичките случувања.

Тие, како што се вели во оценката, ги поткопуваат економските показатели и институционалната независност, јавуваат медиумите.

Суверениот долг на Турција беше намален до „ББ плус“ со стабилна перспектива.

Агенцијата исто така наведува дека масовните чистки во јавниот сектор, по обидот за пуч, ги обесхрабруваат економските оператори.

Терористичките напади ја нарушиле довербата на потрошувачите и предизвикале штети во туристичкиот сектор.