Свет ФБИ: Напаѓачот од Орландо не бил поврзан со терористи

ФБИ: Напаѓачот од Орландо не бил поврзан со терористи

ФБИ соопшти дека напаѓачот кој уби 49 лица во ЛГБТ-бар во Орландо не е поврзан со странски терористички групи туку дека бил радикализиран во САД.

Рон Харпер од ФБИ изјави дека истрагата продолжува по објавувањето на транскрипти во кои Матин на полицискиот преговарач му рекол дека треба да се запре бомбардирањето во Ирак и во Сирија. Матин трипати се јавил во итна помош додека масакрот бил во тек.

Омар Матин (29) од Порт Луис во Флорида на 12 јуни отвори оган во ноќен клуб каде што се собираат припадници на ЛГБТ-заедницата и уби 49 лица, а рани 53 пред да биде убиен од полицијата.

Овој напад е најтежок индивидуален вооружен напад во историјата на САД.

Белата куќа и ФБИ веднаш по нападот соопштија дека Матин, американски државјанин со авганистанско потекло, бил „домашен екстремист“ кој поддршка добивал од радикални организации преку интернет.

Мотивот на нападот сè уште се истражува.