Македонија Фајман: Македонија не може да биде надворешна граница на ЕУ

Фајман: Македонија не може да биде надворешна граница на ЕУ

Австрискиот канцелар Вернер Фајман во интервју за виенскиот дневник „Курир“ вели дека Македонија, Србија, Хрватска и Словенија се пред предизвик бидејќи Грција не е во состојба да ја обезбеди надворешната граница.

Според него, Македонија не може да биде надворешна граница на Европската унија.

Фајман очекува Германија да ги следи чекорите што ги презема Австрија за запирање на бранот бегалци.

Австрија на почетокот на бегалската криза беше меѓу најблиските сојузници на Германија. Но, поради огромниот бран бегалци, во двете земји се зголеми внатрешно-политичкиот притисок со барање границите да се затворат.

Ограничувањето на приливот бегалци, Австрија за годинава го сведува на само 37.500 барања за добивање азил. Виена воведе и квота за пропуштање на максимум 3.200 бегалци што сакаат да добијат азил во некоја друга европска земја.