Свет Европа Европскиот парламент ја осуди турската офанзива во Сирија

Европскиот парламент ја осуди турската офанзива во Сирија

Пратениците на Европскиот парламент ја осудија турската воена акција против Курдите на северот на Сирија, како и апсењето на неколку стотина лица кои ја критикуваа таа операција.

Во Резолуцијата, која што беше усвоена денеска, пратениците апелираа до Турција да ја укине вонредната состојба воведена по неуспешниот воен удар во 2016 година, бидејќи се користи за „гушење на легитимната и мирољубива опозиција“.

Според Резолуцијата, потребно е да се услови обезбедувањето на финансии кои и се даваат на Турција, за подготовка за членство во ЕУ, а Анкара во замена за тоа, треба да ја подобри ситуацијата во врска со човековите права и демократијата.

Турција ги почна преговорите за членство во ЕУ во 2005 година, но тие се прекинати.