Свет Европа Европската комисија најави уште 1,8 милијарда евра помош за Украина

Европската комисија најави уште 1,8 милијарда евра помош за Украина

Европската комисија (ЕК) е подготвена да издвои дополнителни 1,8 милијарда евра помош за Украина, изјавил претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

„Солидарноста со Украина не е обична приказна. Укранина не е сама. Европа стои цврсто обединета зад Украина и ја подржува реформската програма на нејзината влада. Нашите постапки зборуваат погласно од нашите зборови“, истакнал Јункер во соопштението објавено во престолнината на Летонија, балтичката земја која од Нова година го презеде шестмесечното претседателство со ЕУ.

Оваа понуда за нова макрофинасиска помош во вид на заем треба да биде одобрена од земјите-членки на ЕУ и од Европскиот парламент. Нејзиното остварување ќе биде условено со продолжување на програмата изработена од ММФ и со спроведувањето на реформите за кои низ преговори ќе се договорат Европската комисија и Киев.

Новата европска финансиска помош треба да ѝ помогне на Украина на економски и на финансиски план.