Свет Европа Европската комисија е против кревање ѕид во Европа

Европската комисија е против кревање ѕид во Европа

Европската комисија не го поддржува градењето ограда и ѕидови во Европа, изјави Наташа Бертауд, портпаролката за правосудство и за внатрешни работи по одлуката Унгарија да подигне четириметарска ограда на границата со Србија поради бранот илегални мигранти.

– Неодамна се ослободивме од ѕидовите во Европа и не би требало повторно да ги подигнуваме. Членките на ЕУ имаат обврска да го обезбедуваат своите граници, особено надворешните граници на Унијата, но каква било одлука мора да се донесе во согласност со меѓународното право, вклучувајќи го почитувањето на човековите права на мигрантите. Барателите на азил не можат да бидат вратени во земјата ако постои можност таму да бидат прогонувани, исто како и оние на кои им е потребна меѓународна заштита – рече Бертауд.