Економија Европска комисија ни предвидува пораст на БДП од 2,9 отсто за годинава

Европска комисија ни предвидува пораст на БДП од 2,9 отсто за годинава

Европската комисија во својата пролетна економска прогноза за Македонија вели дека лани порастот на домашниот бруто-производ (БДП) забавил поради долгото траење на политичката криза, но и поради падот на инвестициите. За годинава, пак, прогнозира пораст на БДП од 2,9 отсто.

Во прогнозата, исто така, се вели дека институциите се блокирани за спроведување на структурните реформи и дека јавниот долг не може да се стабилизира.

Сепак, побарувачката, увозот и извозот остануваат стабилни.

Европската комисија објави пролетна прогноза за државите членки на ЕУ, за Западен Балкан, за САД, Индија и за Кина.