Македонија Европратениците вечерва ќе расправаат за резолуцијата за Македонија

Европратениците вечерва ќе расправаат за резолуцијата за Македонија

Претставниците на Европскиот парламент вечерва ќе ја разгледаат резолуцијата за напредокот на Македонија, која утре треба да се најде на гласање.

Во резолуцијата, поднесена од известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Иво Вајгл, се препорачува неодложно да се почнат преговорите со Македонија. Во документот се наведува дека проблемот со името не треба да биде пречка за почнување на преговорите, бидејќи тоа ќе се реши до крајот на пристапните преговори.

Резолуцијата на Вајгл, дури и да биде изгласана во Европскиот парламент, таа нема обврзувачко дејство за Европската комисија и за Советот на Европа, но мора да биде земена предвид при донесувањето на нивната одлука.