Македонија Европарламентот усвои резолуции за Србија и за Косово

Европарламентот усвои резолуции за Србија и за Косово

Европскиот парламент усвои резолуции за Србија и за Косово. Во резолуцијата за Србија се повикува Белград што поскоро да ги отвори клучните поглавја 23 и 24 во преговорите за членство во ЕУ и се поздравува напредокот во нормализацијата на односите со Приштина. Исто така, Србија се охрабрува да ги продолжи економските реформи.

Србија со повикува да продолжи со системските и со економските реформи, да осигура независна работа на судството и на обвинителството, медиумите да бидат ослободени од политичко влијание и да се засилат напорите во борбата против организираниот криминал и корупција.

Резолуцијата е усвоена со 498 гласа „за“, 66 „против“ и со 70 „воздржани“.

Во резолуцијата за Косово се поздравува потпишувањето на спогодбата за приближување на Косово со ЕУ, но се бараат силни напори на властите во Приштина да покренат општествени и економски реформи и сузбивање на корупцијата и на организираниот криминал, како и на „можниот политички притисок врз правосудството“.

Европските парламентарци во резолуцијата, усвоена со 403 гласа „за“, 120 „против“ и со 104 „воздржани“, исто тако го поздравија договорот во дијалогот за нормализација на односите меѓу Приштина и Белград, особено спогодбата за формирање Заедница на српски општини, нагласувајќи дека тоа е важно и за Косово, но и за приближувањето кон ЕУ.