Свет Европа Европарламентот без посебна резолуција за Сребреница

Европарламентот без посебна резолуција за Сребреница

Европскиот парламент следната недела ќе ја одбележи 20-годишнината од геноцидот во Сребреница, но нема да донесе посебна резолуција за тоа.

Европратеничката Тања Фајон, за „Радио Слободна Европа“ изјави дека претседателот на Европскиот парламент одлучил в понеделник да се донесе декларација, во пресрет на седницата на која ќе се одржи комеморација за жртвите.

За време на расправата, претставниците на политичките групи ќе можат да ги изнесат своите ставови и мислења.