Македонија Евидентирани нови 855 лица позитивни на ковид-19

Евидентирани нови 855 лица позитивни на ковид-19

Фото: Annie Spratt on Unsplash

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.602 тестови, а регистрирани се нови 855 случаи на ковид-19. Од позитивните, регистрирани се 189 реинфекции. Оздравеле 683 пациенти.

„Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица, по едно починато лице од Битола (85г) и Кочани (71г), двете лица се починати во болнички услови, лицата за починати се пријавени во период од 22 јули до 27јули“, соопштуваат во министерството.

Досега во земјата се направени вкупно 2.116.007 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 327.009, бројот на оздравени пациенти е 312.443, на починати е 9.370, а бројот на активни случаи изнесува 5.196.