Свет Евакуирано седиштето на ОН во Њујорк поради аларм за пожар

Евакуирано седиштето на ОН во Њујорк поради аларм за пожар

Повеќе од 2.000 луѓе се евакуирани од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, откако во подрумот на зградата се активирал аларм за пожар.

Заменик-портпаролот на ОН, Фархан Хак, изјави дека алармот бил проверен и дека се утврдило дека нема пожар. Тој рече дека зградите од комплексот биле веднаш евакуирани по алармот и тоа во знак на „претпазливост во случај на евентуален пожар“.

Дипломатите, вработените и посетителите можеле да се вратат во зградата дури по 25 минути.
Поради тревогата, за 40 минути беше одложена седницата на Советот за безбедност на ОН посветена на Хаити.