Свет Евакуирани 350.000 луѓе во Бангладеш поради циклонот Мора

Евакуирани 350.000 луѓе во Бангладеш поради циклонот Мора

Најмалку 350.000 лица се евакуирани во Бангладеш поради циклонот Мора, кој придружен од пороен дожд и од силен ветер го погоди југоисточниот дел на земјата.

Властите најавиле можна евакуација на уште 700.000 лица. Засега нема податоци за евентуални жртви, но циклонот значително ги оштетил бегалските капови на народот Рохинги.

Се очекува циклонот, кој предизвика свлечишта во Шри Ланка и усмрти 180 лица, да ги погоди Индија и Мјанмар.