Свет Евакуирани 10.000 лица во Јужна Африка поради голем пожар

Евакуирани 10.000 лица во Јужна Африка поради голем пожар

Околу 10.000 лица се евакуирани од своите домови поради пожар, кој, потпомогнат од силниот ветер, пустоши во регионот Западен Кејп во Јужноафриканската Република.

Најлошо е погоден градот Најзна со 77.000 жители, кој се наоѓа на 500 километри од Кејптаун. Во градот пожарникарите се борат со околу 26 пожари долж познатата туристичка патека Гарден рут.

Пожарот следува два дена по невремето кое го погоди регионот, откорна дрва и остави 46.000 домаќинства без електрична енергија. Невремето предизвикало вистински сообраќаен колапс во авионскиот и во железничкиот сообраќај.