Свет Европа Евакуиран американскиот конзулат во Цирих

Евакуиран американскиот конзулат во Цирих

Канцеларијата на американскиот конзулат во швајцарскиот град Цирих денеска е евакуирана откако вработените пронашле сомнителен пакет на влезот, јавува швајцарско-германскиот весник „Блик“, повикувајќи се на вработени во конзулатот.

Полицијата потврдила дека распоредила оперативци во центарот на градот, но засега не открива повеќе детали.