Свет Евакуација во Австралија поради циклонот Деби

Евакуација во Австралија поради циклонот Деби

Неколку илјади Австралијци денеска се евакуирани поради силниот циклон кој го погоди Квисленд, кој достигнувал брзина и до 300 километри на час.

Премиерката на државата Квинсленд, Анастасија Паласчук изјави дека се евакуирани околу 3.500 жители, додека властите советуваат уште 2.000 граѓани да се евакуираат, бидејќи подоцна, кога времето ќе се влоши, евакуацијата ќе биде многу потешка.

Поради невремето затворени се пристаништата, рудниците и аеродромот во Таунсвил, а откажани се сите летови за денеска и за утре.

Паласчук предупреди дека тоа е најголемото невреме кое ја погодило државата од 2011 година.

Циклонот Деби е квалификуван како ураган од четврта категорија.