Свет Балкан ЕУЛЕКС нуди награда од 82.000 евра за информација за убиецот на нивни...

ЕУЛЕКС нуди награда од 82.000 евра за информација за убиецот на нивни вработен

За информација која би довела до убиецот на нивниот цариник Аудриус Шеневичиус, ЕУЛЕКС денеска понуди награда од 82.000 евра. Шеневичиус беше убиен од заседа на денешен ден пред три години, во северниот дел на Косово.

Шеневичиус е убиен на 19 септември 2013 година по вооружениот напад врз две возила на ЕУЛЕКС кои се движеле кон преминот Јариње.