Свет Балкан ЕУ стравува дека Албанија може да биде дел од новата рута на...

ЕУ стравува дека Албанија може да биде дел од новата рута на шверцерите на мигранти

Европската унија е загрижена дека шверцерите на луѓе можат за мигрантите да отворат нова рута кон Италија и тоа од Албанија, доколку се затворат копнените граници на Балканот, јавуваат европските медиуми, повикувајќи се на новинската агенција „Ројтерс“.

– Постои опасност рутата Албанија – Италија да стане нов правец на мигрантите во зимскиот период – вели изворот на агенцијата.

80-километарската рута пред две децении ја користеле Албанците во периодот на посткомунистичкиот хаос во земјата.