Главна секција ЕУ се оддалечува од Западен Балкан, оцени Лајчак

ЕУ се оддалечува од Западен Балкан, оцени Лајчак

Европската Унија се оддалечува од Западен Балкан, а тоа сè повеќе создава фрустрација меѓу тамошното население, оцени идниот претседател на Генералното собрание на ОН и актуелен шеф на словачката дипломатија, Мирослав Лајчак.

Според Лајчак, ниту една опција за регионот не претставува реално исполнување на желбите за безбедност, стабилност и за економски просперитет на граѓаните од Западен Балкан. Тој оцени дека неостварувањето на европските перспективи генерира национализам, кој води кон „фрагментација со насилни средства“.

– ЕУ и нејзините институции мораат повторно да пронајдат заеднички јазик со луѓето, за да избегнеме бран на популизам и на национализам, кои како цунами ги погодуваат земјите во ЕУ, една по друга. Тоа е најголемиот проблем што мора итно да го решиме – нагласи Лајчак.