Економија ЕУ: Дополнителни 28 милиони евра за сириските бегалци во Јордан

ЕУ: Дополнителни 28 милиони евра за сириските бегалци во Јордан

Европската унија соопшти дека ќе даде дополнителна помош од 28 милиони евра за сириските бегалци во Јордан, за подобро да се соочат со претстојната зима.

Европскиот комесар за хуманитарни прашања, Кристос Стилијанисед, го посети кампот северно од Аман, во кој се сместени 80.000 сириски бегалци.

– Тие пари ќе помогнат за покривање на итните потреби на бегалците – изјави Стилијанидес.

Според податоците на високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР), Јордан примил околу 600.000 сириски бегалци, но властите во Аман наведуваат дека се многу повеќе.

Дополнителната помош од 28 милиони евра е дел од вкупната хуманитарна помош од 198 милиони евра, кои ЕУ ги издвои од почетокот на сирискиот конфликт во 2011 година.