Свет Балкан ЕУ-договор за депортација на илегалните мигранти

ЕУ-договор за депортација на илегалните мигранти

Членките на ЕУ на состанокот во Луксембург постигнале договор за забрзување на депортацијата на илегални мигранти, како една од мерките за решавање на проблемот со големиот прилив на бегалци од Сирија.

Договорот предвидува и помош за балканските земји, како и за државите во соседството на Сирија. Покрај барањето за отворање нови центри за регистрација на бегалци, како и за борба против организираниот шверц на мигранти, Советот на Европа одобри 17 милиони евра за Србија и за Македонија, како помош за соочување со кризата.