Свет Балкан ЕЦБ ја зголеми итната помош за ликвидност на Грција на 900 милиони...

ЕЦБ ја зголеми итната помош за ликвидност на Грција на 900 милиони евра

Европската централна банка ја заголеми итната помош за ликвидост на Грција на 900 милиони евра неделно, соопшти директорот на ЕЦБ, Марио Драги. Одлуката доаѓа откако грчката влада вчера се согласи со планот за спас, вреден повеќе милијарди евра.

– Работите се сменија. Имавме серија вести на одобрување за финансискиот пакет, со повеќе гласања, различни гласања од различни парламенти, кои ги вратија условите за зголемување на итната помош за ликвидност – рече Драги.

До вторникот, ЕЦБ одбиваше да ја зголеми помошта затоа што грчките банки заминаа на одмор на 29 јуни. Во средата, грчкото министерство за финансии соопшти дека банките ќе бидат отворени на 17 јули.

Драги рече дека последните настани дозволиле да се зголеми итната помош за ликвидност. Бранејќи ја политиката на ЕЦБ, тој рече дека евросистемот ѝ дал повеќе пари на Атина отколку што таа депонирала.