Свет Европа Ескобар: Добивме уверување од ВМРО-ДПМНЕ дека ќе останат посветени на европскиот пат

Ескобар: Добивме уверување од ВМРО-ДПМНЕ дека ќе останат посветени на европскиот пат

Европа и САД многу јасно ја кажаа нашата позиција на претседателот по инаугурацијата дека целосно очекуваме оти Северна Македонија ќе продолжи по својот европски пат, ќе се посвети, ќе продолжи да биде посветена членка на НАТО, и верувајте ми, тие се посветена членка на НАТО, рече Ескобар

Фото: Секретаријат за европски прашања (СЕП) / декември 2021

Во онлајн интервју за Европскиот центар на Атлантскиот совет, заменик-помошникот секретар на САД во заминување и специјален претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар, кажа дека очекува Северна Македонија да продолжи по европскиот пат. Тој беше прашан дали после победата на ВМРО-ДПМНЕ и зголемената загриженост за Договорот од Преспа сè уште верува оти патот кон Европа ќе продолжи, како што изјави на денот на изборите.

„Мислам дека Европа и САД многу јасно ја кажаа нашата позиција на претседателот по инаугурацијата дека целосно очекуваме оти Северна Македонија ќе продолжи по својот европски пат, ќе се посвети, ќе продолжи да биде посветена членка на НАТО, и верувајте ми, тие се посветена членка на НАТО. И добивме уверување од сите нивоа на партиското раководство на ВМРО-ДПМНЕ која победи на изборите, дека ќе останат посветени на европскиот пат“, кажа Ескобар.

Toj се надева дека тој пат да продолжи да биде главна политичка цел на новата влада.

Oд прес-службата на Стејт департментот, за „Гласот на Америка“ кажале дека откако ќе се формира нова Влада и ќе се избере премиер, САД ќе продолжат да ја истакнуваат важноста да се почитуваат „ меѓународните договори и придобивките од полноправното членство во Европската Унија“.